Сигурно мислевте дека најдобро е антените на рутерот да стојат исправени. И ние.
Сепак, еден поранешен Wi-Fi инженер на Apple советува поинаку. Според него, најдобар прием ќе имате ако едната антена ја поставите хоризнотално, а другата вертикално.
За Mac Observer, Алф Ват, кој ја креираше Wi-Fi алатката iStumbler, објаснува зошто ваквото позиционирање е најдобро:
„Радио-приемот е најдобар кога и клиентот и Access Point-от имаат согласна поларизација (антени што покажуваат во иста насока, што лежат во иста рамнина).
Некои од уредите имаат антени во вертикална, а други во хоризонтална ориентација.
Со позиционирањето на антените на рутерот под прав агол, ќе го максимизирате радио-приемот без разлика како е ориентирана антената на вашиот мобилен уред“.