Во прилично ретка ситуација во бејзболот, фрлачот на Хјустон Астрос – Колин МекХју, мораше да изведе неверојатна ескиважа за да си ги спаси забите, мозокот, па можеби и животот.
Откако играчот на Оукленд Атлетикс ја „опали“ топката директно кон него, тој инстинктивно и со речиси натчовечко движење, ала Нео во „Matrix“, ја повлече главата наназад и го избегна топчето за само пар сантиметри, ако не и милиметри. Дури и судијата потоа му пријде за да му каже колку блиску му поминало топчето: