Како во приказната „Златка и трите мечки“ – мечка спиела во орамарот во еден дом

Полицијата открила кафеава мечка како спиела во плакарот во еден дом во американската сојузна држава Монтана.

Мечката се верува дека случајно провалила во куќата и некако успеала да ја заклучи вратата, соопшти канцеларијата на шерифот на нивната Фејсбук страна.

Обидувајќи се да излезе, мечката ја растурила целата просторијата, откако се уморила и влегла во плакарот и си легнала.

Полицијата се обидела да ја разбуди мечката правејќи бучава, но мечката само зевнала и продолжила да дреме.

Животнот подоцна било вратено во природа.

Полицијата ги предупреди жителите на Монтана да ги заклучуваат своите домови затоа што ова не е прв пат мечка да провали во еден дом.

- Реклама -