Како звучи кометата 67П/Чурјумов-Герасименко?

Опсервацијата на датата собрана за кометата 67П/Чурјумов-Герасименко ги изненади научниците. Имено, се чини дека кометата „пее песна“, во вид на осцилации во магнетското поле во нејзината околина. Кометата ја емитира „песната“ на фреквенција од 40-50 милихерци. Ова е далеку под способноста на луѓето да ја слушнат – обично регистрираме звуци помеѓу 20 херци и 20 килохерци. За да ја „преведат“ и направат „музиката“ слушлива за човечкото уво, фреквенцијата беше повишена за 100.000 пати.

Научниците сметаат дека песната мора да е резултат на активноста на кометата, која ослободува неутрални честици во просторот каде тие стекнуваат електричен полнеж како резултат на јонизацијата. Сепак, прецизниот физички механизам што стои зад осцилациите останува мистерија.

„Ова е возбудливо бидејќи е тотално ново за нас. Не го очекувавме ова и сеуште работиме да ја разбереме физиката на она што се случува“, вели Карл-Хајнц Глабмајер, директор на Space Physics and Space Sensorics одделот на Техничкиот универзитет Брауншвиг, Германија.

Да не одолговлекуваме, слушнете што има 67П/Чурјумов-Герасименко да отпее:

 

- Реклама -