Како звучи создавањето на вселената (видео)

cernНаучниците кои работат на Големиот хадронски акцелератор направија програма која космичките феномени, односно податоците кои во експериментите ги собираат уредите на ЛХЦ, ги претвора во музика. Така, наскоро би можеле да се слушнат Хигсовите бозони, кантатите на темната материја, симфонијата на Големата експлозија или музиката на некои други физички појави.


Научниците кои работат на Големиот хадронски акцелератор направија програма која космичките феномени, односно податоците кои во експериментите ги собираат уредите на ЛХЦ, ги претвора во музика. Така, наскоро би можеле да се слушнат Хигсовите бозони, кантатите на темната материја, симфонијата на Големата експлозија или музиката на некои други физички појави.

Детекторите на оваа најголема направа на светот која го истражува настанокот на вселената го реконструираат движењето и ја пресметуваат енергијата на честичките која настанува при судирот на атомите. „Со помош на соодветен софтвер од движењето на честиците се создава прекрасна музика,“ објаснува физичарката Лили Асквит која работи на Атлас, еден од шестте детекори на ЛХЦ.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Главната цел на оваа програма, која според хитот на Simon & Garfunkel од 60-тите – Тhe Sound of Silence беше наречена „Тhe Sound of Science“, е популаризација на најскапиот научен експеримент на светот. Некои од звуците, меѓу кои и музиката од создавањето на Хигсовиот бозон, мистериозните честици за кои се верува дека и даваат маса на материјата и без кои не би можела да настани вселената во Големата експлозија пред 13,7 милијарди години, веќе можат да се слушнат на веб страницата Тhe Sound of Science,  а оваа „музика од вселената“ наскоро ќе биде достапна и во форма на рингтонови за мобилни телефони. ЦЕРН во текот на летото планира да одржи и „концерт на субатомските честици“, кој ќе го изведат музичарите од научната заедница. А сега слушнете како звучи создавањето на вселената.

- Реклама -