Каков брак ве очекува со маж во знакот…

Бракот е сериозен чекор во животниот пат на секој човек. И додека повеќето девојки сонуваат да кажат „Да“, облечени во совршен и бел фустан, кај мажите ситуацијата е радикално поинаква.

Некои од нив се плашат од врзување, други не собираат храброст да им понудат брак на своите партнерки, а трети сметаат дека тоа е само потпис на хартија, што ја институционализира љубовта. Се разбира, постојат и многу исклучоци … Дознајте дали вашиот партнер е меѓу нив, со тоа што ќе го откриете зодијачкиот знак, подолу.

Овен

Мажите од овој знак сакаат да бидат сакани, да имаат разбирање и хармонија со партнерот. Ако одлучат дека ќе се оддадат на ​​вечна верност, тие тоа ќе го направат со леснотија, без да мислат премногу. Никогаш не треба да ги притискате во оваа насока, бидејќи самите ќе знаат кога е вистинското време.

Бик

Во партнерските односи, Бикот не смее да биде под притисок. Тој ќе пристапи кон создавање на семејство едвај кога целосно ќе му се довери на партнерот. Тоа ќе се случува премногу бавно, па затоа вооружајте се со големи дози трпение. Сепак, треба да знаете дека во семејните односи мажите родени под овој знак, се многу грижливи, посветени и лојални, но и доста љубоморни.

Близнаци

Сигурно сте слушнале многу лоши работи за Близнаците и нивниот став кон основните врски. Мажите од овој знак се стремат да се развиваат постојано и воопшто не им е лесно да ги стават брачните окови. Во случај да стигнат до олтарот, Близнаците ќе се поврзат само со некоја личност која што им носи истовар и виталност во домашна атмосфера.

Рак

Ако од мало девојче сте сонувале да облечете венчаница, најдобро е да бидете во врска со маж од Хороскопскиот знак –  Рак. Овие господа се вистинско олицетворение на патријархалните вредности и морални односи. Во бракот ќе бидете вистинска среќница, бидејќи Раковите се исклучително верни, одговорни и посветени.

Лав

Овие романтични души се жедни за обожавање. Сакаат да чувствуваат во секој момент дека се гордеете со нив. Дури и после 40-тите години од нивните животи, Лавовите нема да се нафатат на брак, само од причина што сметаат дека им дошло времето. Тие негуваат голема страст и убавина во љубовните односи. Ако одлучат да понудат брак, бидете сигурни дека е вистинско време – спектакуларно, луксузно и гламурозно, како самите нив.

Девица

Мажот Девица верува искрено во вистинската љубов, која сме ја гледале само во филмовите. Тоа го прави барајќи совршенство како во бракот, така и кај човекот крај себе. Не е романтичен, но многу е приземјен. Ако одлучи дека сака да се поврзе сериозно, не очекувајте да паѓа на колена со прстен во раката. Наместо тоа, ќе ви даде бел лист  и ќе сака заедно да напишете позитивни и негативни страни на бракот, за да знае што очекувате од него.

gty_marriage_temporary_nt_111102_wblog

Вага

Мажите родени под овој знак, не се плашат од бракот, но неодлучноста често ги спречува да направат важен чекор, па имаат потреба од потсетување. Во бракот, Вагата се стреми кон целосна хармонија, бидејќи скандалите и тензиите остануваат зад неа. Тие секогаш ќе бидат главни актери во решавањето на различни семејни конфликти.

Скорпија

Бидете сигурни дека Скорпијата ќе ве подложи на многу тестови за да се убеди во „соодветноста“ за брак. Овие мажи бараат, но истовремено се способни да дадат многу од себе во една врска. Проблем за семејната хармонија може да се покаже фактот што овој претставник на Зодијакот најтешко од сите простува и заборава.

Стрелец

Стрелецот е совршен пример за „вечен ерген“. Овој маж ја цени слободата како ништо друго на светот. Во многу ретки случаи е подготвен да стигне до брак. Тоа, се разбира, не значи дека не може да изгради стабилна врска,  напротив. Способен е да одгледа барем неколку деца и да се грижи со сета своја љубов за нив, но и да не се зарече на вечна верност кон партнерот.

Јарец

Мажот од овој знак е одговорен, практичен и бара вистинска љубов. Никогаш нема да стапи во брак од емоционални побуди или моментално расположение. Пред да се одлучи на овој важен чекор, Јарецот сака да е сигурен во својата финансиска стабилност, како и во онаа на својата партнерка.

Водолија

Овие господа имаат прилично чудни односи со спротивниот пол. Тие не го сфаќаат вистинското значење на брачниот сојуз, па не се исклучени браковите од корист, по убедување или само од љубопитност. Импулсивни се, па не размислуваат многу пред да предложат брак. Сепак, ако нешто не се добие, нели затоа е измислен разводот ?!

Риби

Мажите Риби многу личат на Раковите по своите погледи за семејство, иако се непостојани. Замислете ја свадбата како еден од најсреќните моменти во вашиот живот. Иако понекогаш се премногу сомнителни и љубоморни, тие се прекрасни сопрузи и татковци.

- Реклама -