Каков секс, всушност, посакуваат жените

Тој е горе и е активен, таа е долу и пасивна – тоа е традиционалниот сексуален однос. Меѓутоа, денес жените повеќе сакаат поинаков секс, со повеќе експериментирање.

Инсистирањето на традиционалните полови улоги во сексот може да резултира со тоа на жените да им биде неудобро во кревет.

Половите улоги играат клучна улога во сексуалното однесување кај жените и мажите, и го уклучуваат елементот на моќта – мажите се доминантни, а жените потчинети. Таквиот однос има големо влијание на сексуалните ставови, а истовремено жените се чувствуваат помалку сигурно доколку помалку експериментираат и во сексот се придржуваат до традиционалниот начин.

Денешните жени, особено помладите се многу послободни во креветот и не сметаат дека мажите треба да бидат доминантни при сексуалниот чин, дури и кога мажите тоа природно го прават. Исто така, девојките повеќе не сметаат дека е неопходно момчето да ја понесе заштитата, туку самите ги земаат работите во свои раце.

Ако мажите веруваат дека мора да бидат сексуално доминантни, тоа може да ги кочи нивните партнерки да се чувствуваат слободно кога станува збор за сексуалното однесување и заштитата… Или да прашуваат за работи кои не ги знаат, а сето тоа може да ја наруши сексуалната самодоверба.

Верувањето дека доминацијата е машка улога ја намалува подготвеноста на жената да земе кондоми затоа што тоа не се вклопува во стереотипот дека грижата за заштита е работа на мажот.

- Реклама -