Синот на акциониот херој пред три години јавно признал дека пејачката му е најголема симпатија.
Потоа тие излегле неколку пати на состанок, но не биле во сериозна врска.
За нивниот однос медиумите прв пат пишале во 2011 година, но тогаш тие не ја продолжиле својата врска.
Патрик Шварценегер (21) и Мајли Сајрус (21) сега повторно се дружат, а странските медиуми пишуваат дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство. Всушност, Мајли во петокот го посетила Патрик во неговиот дом, каде поминале неколку часеви, а потоа заедно некаде отишле, пишува Daily Mail.
_ Мајли се надева дека со Патрик ќе влезе во вистинска врска- рекол близок извор на пејачката и додал дека нејзините родители сметаат дека Патрик е токму она што и е потребно на пејачката. Од друва страна Арнолд и Марија Шривер се плашат дека проблематичната пејачка лошо ќе влијае на нивниот син.