Откога Анџелина објави дека нема да продолжи со промоцијата на својот филм, во акција тргна нејзиното семејство.
И додека познатата Анџелина Џоли одмара дома и се лекува, нејзиното семејство го промовира филмот „Unbroken“ кој го режираше.
Сопругот Бред Пит на црвениот тепих во Лос Анџелес дојде со синовите Пакс и Медокс, родителите Џејн и Вилијам, но целото внимание го „украде“ ќерката Шилох.
Дека е различна од своите браќа и сестри веќе неколку пати го рекла и самата Анџелина во интервјуата, но малата има свој карактер и не мисли да се откаже од него. Сака да игра со момчиеата и да се облекува како машко, па така и на црвениот тепих пристигна во костум- баш како и постарите браќа.
Таа е вистинска „фраерка“, а ги собрала гените од познатите родители, па лесно е да се воочат цртите на лицето од Бред и усните на Анџелина.