Книгата со совети за љубовниот живот, Bullies, bitches and bastards, е дело на две британски новинарки кои во неа опишуваат разни типови личности со кои можете да се сретнете во секојдневниот живот. Авторките Ајлин Кондон и Аманда Еванс во оваа книга откриваат кои се лошите момци и девојки преку духовити описи на типовите мажи/жени кои би требало да ги избегнувате.
Книгата со совети за љубовниот живот, Bullies, bitches and bastards, е дело на две британски новинарки кои во неа опишуваат разни типови личности со кои можете да се сретнете во секојдневниот живот. Авторките Ајлин Кондон и Аманда Еванс во оваа книга откриваат кои се лошите момци и девојки преку духовити описи на типовите мажи/жени кои би требало да ги избегнувате.
Авторките дефинираа неколку типови на мажи кои би требало да ги избегнувате по секоја цена, освен ако не сте спремни за долготраен стрес.
Големо бебе – Овој маж не прави ништо конструктивно, освен што си игра со своите гаџети, слуша музика, игра видео игри… Во меѓувреме, очекува вие да водите сметка за сите негови потреби. Доколку не сте спремни да имате улога на дадилка, бегајте од него по секоја цена.
Човекот од Атлантида – Тој исчезнува! На празници, на вашиот роденден, во текот на викендот. Понекогаш се појавува, но и тогаш случајно. Не признава дека постои часовник и календар.
Кавгаџија – Неговата емотивна температура е секогаш на критична точка. Сака да се расправа, а една од најчестите реченици му е „ОК, за што би сакал сега јас и ти да разговараме“, со што се спрема за својот напад. Поводот и не е толку битен. Направете си себеси услуга, оставете го и уживајте во тишината.
Момчето кое не е во врска – Тој инсистира дека вашата врска е без никакви обврски, па макар таа траела и пет години. Одбива подобро да ги запознае вашите роднини или пријатели и да ви прави друштво на какво било поголемо излегување. Премногу му е забавно вака за сега тука нешто да се обврзува и да признае дека е зрел, возрасен човек.
Шармер – Комплиментите и знаците на внимание се само замка сè до моментот кога ќе сфати дека ве освоил. Бидејќи флертот му е вроден, не се чудете ако почне да го практикува на некоја од вашите пријателки.
Его воин – Најсебичното суштество на планетата. Неговите приоритети се јасно дефинирани: тој, тој и само тој. Во борбата за тој да биде потполно во центаротг на вниманието, сите му се противници, дури и пријателите, децата, па и вие.
Меѓу потенцијалните девојки, се издвојуваат неколку лоши типови на личност:
Испитувачката е божица на прашањата и квизовите. Сè што ќе направите и што ќе кажете ќе биде под најстрога проверка. Ако сте ја погледнале чудно во 1994, или сте се осмелиле да не и се јавите на телефон со беден изговор дека сте во болница, таа тоа добро ќе го запамети. Иронично, нејзината најчеста реченица е „не сакам да анализирам премногу“.
Нерешителна и нестабилна – Ваквата девојка на прв поглед е малку шашава и забавна, но под тоа се кријат некои полоши модели на однесување. Може на почеток ви било симпатично што нејзиниот стан е украсен со плишани мечиња и тоа што тврди дека нејзиното куче ја разбира, но со тек на времето увидувате дека тука постојат повеќе проблеми. Оваа девојка веројатно е склона кон тоа насреде ноќ да ја тестира вашата верност со изјава дека ве напушта, само за да види како ќе реагирате.
Наредничка – Застанете мирно! Таа ќе ви наредува, а можеби и ќе ве понижува. Ваков тип на личност ќа препознаете доколку се обидете да го паркирате автомобилот, а таа ви суфлира од совозачкото седиште и на крај ќе ве искритикува. Во суштина, нејзе и е потребен некој врз кој ќе ја манифестира својата моќ.
Спонзоруша – Овој феномен е добро познат, а авторките на книгата го нарекуваат „што е твое е и мое“. Ќе ја провери вашата имотна состојба и својата наклонетост ќе ја дозира во склад со истата. Ако не сте спремни да плаќате нечие внимание (и тоа во буквална смисла) – избегнувајте ја.
Плачливка – Девојка која секогаш плаче. И со причина и без неа. Не се работи за депресија или искрена несреќа, туку за начин за манипулација. Не наседнувајте.
Кокета – Таа ќе флертува со секој маж кој ќе го види, па макар и во ваше присуство. Бидејќи тоа е „забавен спорт“, нема да сфати зошто тоа ви смета. После излегувањето, нејзиниот изглед ќе биде поважен од разговорот или забавата.