Какви ризици по здравјето крие работата во смени?

Дијабетес од  тип 2 се јавува почесто кај луѓе кои што работат во смени, покажува новото истражување објавено во списанието “Occupational and Environmental Medicine”.

Кои ризици за здравјето крие работа во смени?

Откритијата покажуваат дека најголем ризик од дијабетис имаат луѓето кои што работат во смени. Тоа е така, бидејќи работно време влијае на биолошкиот часовник на телото, што се одразува на сантиметрите околу половината, хормоните и спиењето.

Лекарите ги советуваат луѓето кои што работат на смени, да се хранат со здрава и балансирана исхрана . Истражувањето покажува дека спиењето во „погрешното” време од денот го зголемува ризикот од развој на дијабетес – тип 2 за само неколку недели.

Прочитајте и:  Дали сакате да го намалите внесот на кофеин? Обидете се со овие мали промени
- Реклама -