Една од најубавите жени на светот, Кендис Свенпул, објавила на „Твитер“ фотографија од нејзините бебешки денови.
„Хахах… ме обзема топлина додека ги разгледувам старите фотографии. Се прашувам за што ли сум била волку многу среќна“, напишала Кендис објавувајќи ја сликата.
Кендис денес важи за еден од најбараните и најубавите светски топ-модели, како и заштитно лице за многу престижни брендови.