Калибрација на камерите од 20 до 31 јануари: Возилата нема да се пропуштаат на овие локации за време на тестирањето.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во рамките на проектот „Безбеден град“, ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на сообраќајните камери од 20 до 31 јануари. Според соопштението на МВР, овие активности ќе се реализираат секој ден од 08:00 до 20:00 часот. За време на тестирањето, возилата на локациите каде што се изведуваат постапките, нема да бидат пропуштани додека трае техничката проверка и калибрацијата на опремата.

Во првата недела од предвидениот период, тестирањето ќе се фокусира само на локациите со инсталирани камери во Скопје, а потоа ќе продолжи на и на други места, во согласност со динамиката на проектот. Министерството упатува апел до граѓаните и сите учесници во сообраќајот за почитување на привремените ограничувања и упатствата на терен, како и за разбирање и трпеливост, за да се овозможи безбедно и непречено спроведување на активностите.

Прочитајте и:  Состаној на министертот Муцунски со раководителката на британската дипломатија, Ивет Купер

Проектот „Безбеден град“ цели да ја подобри сообраќајната безбедност и да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот преку современ систем за автоматски надзор и контрола.