Популарната наша пејачка признава дека во својот нема емотивен партнер.
Калиопи Букле вели дека ужива во слободата.
– Многу ми е убаво, уживам во емоционалната слобода и духовниот мир. За трет брак не размислувам. Оваа состојба има многу предности, бидејќи сум свртена најмногу кон себеси, што не беше случај во првиот, ни во вториот брак. Денес се грижам за својот изглед и дух, вежбам и се трудам да живеам што поздрав живот. Во браковите заборавив дека сум жена, нежна и кршлива, онаа која секогаш треба да биде женствена и дотерана, да се сака себеси и како таква да може да сака и други- вели пејачката.
Калиопи пред речиси четири години се разведе по втор пат. Од овој седумгодишен брак со 13 години помладиот Васил Зафирчев нема деца, додака од првиот со композиторот Ромео Грил го добила синот Рако, кој денес има 22 години. Вели дека тој е смислата на нејзиниот живот.
– Горда сум на односот со мојот син и мислам дека не постои поголема и подлабока врска од таа која ја имаме. Тој се осамостои и живее во Швајцарија. Се посетуваме, долго време остана со мене во Македонија, и некои работи ги научив од него- рекла Калиопи за српскиот протал Блиц.