Камера може да прави еден трилион слики во секунда

Група јапонски научници под раководство на Кеичи Накагава создаде камера, способна да прави еден трилион слики во секунда.

А тоа се 1000 пати повеќе фрејмови отколку што прават постоечките аналози.

Уредот наречен STAMP – Sequentially Timed All-optical Mapping Photography, може да им пружи голема помош на истражувачите при снимањето на различни процеси кои се вршат со голема брзина. За целите на камерата е применета технологијата Sequentially Timed All-optical Mapping Photography ( STAMP), односно „Доследно синхронизирана целосно оптичка фотографија”, во која што се користат оптички компоненти кои работат со брзини споредливи со брзината на светлината.

Работата на новата камера е изградена на принципот на фемтофотографијата. Сликите се прават со помош на фемтосекунден ласер, испуштајќи кратки импулси со времетраење помалку од 100 пикосекунди. Откако импулсите се рефлектираат од предметот во камерата, тие се обработуваат со специјален алгоритам. При тоа импулсите поминуваат низ неколку огледала, леќи и решетки.

Првата верзија на камерата била основана во август минатата година. Тогаш уредот правел само по 6 слики истовремено. Сега нивниот број е зголемен до 25. Научниците се уверени дека тоа не е границата. Тие ќе продолжат со работата на подобрување на камерата, а целта им е да го зголемат бројот на добиените истовремени слики до 100.

- Реклама -