Камионите на иднината?

ee39ca37932461.575743085728c[1]

Возилата во камионската индустрија практично се немаат сменето во последните 50 години. Група дизајнери работат да го сменат тоа и да вметнат малку извонреден инженеринг во камионите на Ауди. Проектот се вика Truck for Audi (не баш иновативно име, нели?) и се состои од два предлог-дизајни т.е. две насоки по кои компанијата би можела да тргне. И двата изгледаат крајно футуристички.

a5408f37932461.57572ea4a1e9a[1]

62791237932461.57572ea49e5ff[1]

Првиот камион е дизајниран како потполно самоуправувачко транспортно возило и ако се оствари, веројатно многу брзо ќе ја исфрли сегашната транспортна индустрија од пазарот. Вториот црно-црвен дизајн е замислен како изложбен модел за Ауди, а потврда за тоа е кокпитот налик на оној кај млазните авиони.

0d336237932461.5757bd9a36c50[1]

2db3da37932461.575734c22416a[1]

954fd237932461.575734c22784d[1]

Зад проектот стојат дизајнерите Артем Смирнов и Владимир Панченко. Мисијата им е да ја променат перцепцијата кај луѓето, што до сега под камион подразбираше гломазен шлепер.

01cdd337932461.575731383dbbe[1]

Камионите сé уште се само во фаза на дизајн, и не се знае дали Ауди ќе се фати на орото. Сепак, со оглед на тоа колку ѓаволски добро изгледаат и на колку позитивни реакции наидуваат, веројатно е прашање на време кога некој од производителите ќе ја започне новата ера на камионите, макар тоа не бил Ауди.

Подетално за проектот – ТУКА (ѕирнете, нема да се каете).

- Реклама -