Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги информира граѓаните дека традиционално, во пресрет на летниот период, ја поддржува кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје. Целта на оваа иницијатива е да се заштитат шумите во Скопје и околните туристички и излетнички локации во скопските општини.
Според зборовите на претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Петар Плотников, кампањата има едукативно-превентивен карактер и е насочена кон подобрување на општата и противпожарна култура кај младите и целата популација.
Во тој контекст, беше нагласена важноста на соработката и координацијата со ДЗС, што претставува значаен придонес во заштитата од пожари на граѓаните, шумите и другите материјални добра во регионот на Скопје, но и пошироко во целата држава.

Од „Национални шуми“ најавуваат воведување на нова опрема за гаснење на шумски пожари, како и модернизација на системот за гасење.




