Канцеларијата на НАТО во Женева нема да ја наруши швајцарската неутралност

Шефот на новата канцеларија на НАТО во Женева, Хоакин Молина денеска изјави дека неговата позиција не ја нарушува неутралноста на земјата домаќин бидејќи тој не е одговорен за односите со Берн.

– Мојата канцеларија нема никаква врска со билатералните работи. Тоа е нешто што беше договорено меѓу Брисел и Берн. Присуството на канцеларијата за врски овде никако не влијае на швајцарската неутралност, ниту на разговорите меѓу Швајцарија и НАТО, рече Молина во првото интервју за швајцарските медиуми по стапувањето на функцијата, пренесува Свис Инфо.

Молина одби да го коментира неодамнешниот извештај на Комисијата за иднината на безбедносната политика, нарачан од швајцарската претседателка Виола Амхерд, кој препорачува поблиски врски меѓу Швајцарија и НАТО.

Прочитајте и:  Шолц: Украина не може да влезе во НАТО се додека е во воена состојба
- Реклама -