Канг: Генеративната вештачка интелигенција го менува општеството, но најзначајните одлуки мора да ги донесува човекот.

Канг: Генеративната вештачка интелигенција го менува општеството, но најважните одлуки секогаш остануваат на човекот

Во интервју, професорот Канг зборува за интердисциплинарното образование, поврзувањето на хуманистичките науки со технологијата и медицината, како и за улогата на универзитетите во современото општество. Тој исто така се осврнува на предизвиците на ерата на вештачката интелигенција, особено генеративната, и потенцијалот за подобрување на академската и економската соработка помеѓу Кина и Македонија преку размена на студенти и научници.

Професоре Канг, Вие сте декан на Институтот за државно управување при Хуажонг универзитетот за наука и технологија и директор на Институтот за филозофија во Вухан, известен по Вашите истражувања во областа на социјалната епистемологија и генеративната вештачка интелигенција. Кои се главните предизвици за социјалната епистемологија во дигиталната ера?

– Главниот предизвик е сложеноста. Генеративната вештачка интелигенција има потенцијал да ја подобри нашата способност за размислување и управување, но исто така носи ризици поврзани со обработка на податоци и информации. Клучно е да се справиме со овие предизвици. Социјалната епистемологија треба да помага во развојот на свесноста и подоброто управување во општеството.

Каква е улогата на филозофијата во овој контекст?

– Филозофијата отсекогаш реагирала на новите технологии и општествени промени. Високата технологија, вклучувајќи ја и генеративната вештачка интелигенција, ги менува општествените реалности. Токму филозофијата, преку социјалната епистемологија, се фокусира на разбирливоста на овие новини и на нивното влијание на општеството.

Што подразбира современото управување според Вашето гледиште?

– Современо управување вклучува поставување јасни цели за општеството, создавање функционални системи во различни области и развој на квалитетни политики. Важно е да се разбере што навистина мислат луѓето, бидејќи доброто управување зависи од потребите и ставовите на граѓаните.

Прочитајте и:  Општина Струмица ги уредува и одржува селските патишта во Куклиш.

Дали Вашите препораки се сфаќаат пред сериозно од државните институции?

– Да, учествувам во процесите на донесување одлуки и давајќи совети на различни нивоа, вклучувајќи националниот комитет за општествени науки и провинциската влада, каде активно работам на решавање важни општествени прашања.

Каде денес го гледате балансот меѓу знаењето, општеството и технологијата?

– Генеративната вештачка интелигенција е нов феномен кој предизвикува значајни промени во општеството, а ние мораме да ја проучуваме нејзината улога во производството и комуникацијата.

Како да се постигне рамнотежа меѓу технологијата и доброто управување?

– Високата технологија веќе ги менува нашите начини на функционирање и комуникација. Важно е управувачите да сватат како технолошките промени влијаат на општеството и да ги адаптираат своите политички стратегии.

Каде е местото на човековата мисла во светот доминиран од вештачка интелигенција?

– Вештачката интелигенција, особено генеративната, може да ја поддржи човековата мудрост, но не може да ја замени. Човекот располага со свест, самосвест и способност за вредносно судење, кои се неопходни за правилно сфаќање на светот.

Што би им препорачале на македонските власти?

– Важно е да се зајакне соработката со Кина во областа на инвестиции и размена на кадар. Продовжувањето на развојот и отвореноста кон светот ќе донесат придобивки за двете страни.

Искра Опетческа