Канје Вест е прогласен за виновен и го чека казна

Канје Вест се најде на суд, каде што беше осуден за напад на фотограф во Лос Анџелес пред неколку месеци.

 

Судот Вест го прогласи за виновен и одредил условна казна од две години. Раперот освен тоа ќе мора да одработи 250 часа општествена работа или ќе заврши зад решетки.

Фотографот Даниел Рамос го обвини Канје дека го удрил и му ја земал камерата иако тој на било кој начин не го провоцирал за време на нивната тогашна средба на аеродромот. Канје до крајот на судењето тврдел дека тој не се чувствува виновен за овој несреќен настан.

На Вест му останува уште едно судење, во граѓанската тужба поднесена од страна на Рамос против него со цел да побара финансиска компензација за материјална штета и за емоционална вознемиреност. Фотографот тврди дека тој се уште зема лекови за повредите кои Канје му ги нанел.

– Јас само ја извршував мојата работа, а Вест го прекрши законот- тврди фотографот.

- Реклама -