Капата на Харисон Форд во филмот „Индијана Џонс“ продадена на аукција за 630 илјади долари


Капата што ја носеше актерот Харисон Форд во вториот дел од филмскиот серијал „Индијана Џонс“ („Indiana Jones“) е продадена на аукција во Лос Анџелес за речиси половина милион фунти.

Кафеавата федора капа, специјално направена за филмот „Индијана Џонс и храмот на проклетството“ („Indiana Jones and the Temple of Doom“), достигна цена од 630.000 долари во четвртокот во Лос Анџелес, пренесе „Би-би-си“.

Аукциската куќа објави дека капата била користена и при дополнително фотографирање во објектите за визуелни ефекти на продуцентот Џорџ Лукас.

На истата аукција беа продадени и други предмети од познати филмови, вклучително и реквизити од „Војна на ѕвездите“ („Star Wars“), „Хари Потер“ („Harry Potter“) и „Џејмс Бонд“ („James Bond“).

- Реклама -