СОСТОЈКИ:
- четири телешки шницли
- четири големи лажици зрел кајмак
- четири лажички брашно
- две или три поголеми јајца
- шолја презла
- сончогледово масло
- малку сол
Подготовка:
Истенчете го месото со толчник за месо, а потоа посолете. Во средината на секоја шницла намачкајте го кајмакот, цврсто завиткајте, па прво валкајте во брашно, па во изматени јајца и на крај во презла. Се пржат на длабоко врело масло десетина минути, додека убаво не поруменат од сите страни. Послужете додека е топло.