Карлеуша: „Мене Србија ми уби две невини суштества“

Српската пејачка Јелена Карлеуша на својот Фејсбук профил објави текст кој открива некои од најинтимните детали од нејзиниот живот.
Јелена Карлеуша е позната по тоа што нема „влакна на јазикот“ и не се плаши јасно и гласно да ги каже критиките и да ја каже вистината. Поради тоа често пати е нападната од страна на медиумите и јавноста, но тоа никогаш не ја спречило.

Screenshot_3

Таа се потсети на својот голем концерт во Ушче на кој приреди вистински аудио-визуелен спектакл за 40.000 луѓе, но сепак, тоа што се случи по концертот ја натера малку да се повлече од јавноста.
Пренесуваме дел од текстот на Јелена.

„Во изминатите две години, како резултат на стрес, изгубив две бебиња. Сета таа количина на бесмислена омраза и зло, љубомора и злоба, удри таму каде бев најслаба. Мене Србија ми уби две невини суштества. И јас тоа на Србија никогаш нема да и го простам. Кој нормален би го простил тоа? Се повлеков за да се заштитам. Затоа паузата е долга драги мои. Пред неколку недели имав, се надевам, последна операција за која нема потреба да се зборува“.

Прочитајте и:  Турција: Криминална група и медицински лица обвинети за усмртување на бебиња за пари, обвинителот бара над 500 години затвор

Screenshot_4

„Сега сум добро. Иако јас на сликите и снимките секогаш изгледам добро, нели? Тоа е првенствено затоа што јас сум професионалец, но и многу горд човек. Пејам и танцувам и кога ме боли, кога сум болна, и кога не можам- МОРАМ! За вас, бидејќи ве сакам и ве почитувам што поради мене доаѓате на моите настапи и плаќате билет… Јас сум благодарна за вас. Концетот во Ушче е нешто што никогаш нема да го заборавам. Голема животна поука. А кој ќе го помине школото кое јас го поминав, верувајте ми, никој нема да му може ништо“.

- Реклама -