Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово – Билал Касами, пристигна во Собранието, со цел, како што изјави при доаѓањето, „да види што се случува“.
„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“, истакна Касами при влегување во парламентарниот дом, најавувајќи дека дополнително ќе даде изјава.
Прашан дали е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, Касами рече:
„Не, од ништо не сум изненаден“.
МИА