Најголемата ѕвезда на Детроит Пистонс, Кејд Канингем, се соочи со сериозен здравствен проблем, конкретно пневмоторакс, што ќе бара подолга пауза од теренот.
Како што пренесува новинарот Шемс Чаранија, Канингем има дијагностициран колапс на белите дробови, поради што неговото враќање на теренот ќе биде одложено за неопределено време.
Оваа информација е голем удар за екипата на Детроит Пистонс, која значително се потпира на својот лидер и најдобар играч, особено сега кога тимот се наоѓа на првото место во Источната конференција.
Канингем беше од клучно значење за играта на Пистонс во тековната сезона и важеше за еден од најконзистентните играчи во составот. Неговите перформанси дури го доведоа до разматрање како потенцијален MВП.
Сè уште не е утврдено колку долго ќе трае неговото отсуство, но се очекува дека процесот на закрепнување ќе биде долг и дека ќе биде потребен претпазлив пристап пред неговото повторно враќање на паркетот.
Се најавува дека Кејд ќе отсуствува минимум неколку недели.
Во текот на оваа сезона, Канингем бележи просек од 24,5 поени, 5,6 скока и 9,9 асистенции по натпревар, со шут од 46 проценти од игра.
Плејофот во НБА се започнува за еден месец, на 18 април.




