Казни за пишување пораки

Барем во еден град во Америка, пишувањето пораки во одење ќе ви донесе казна. Новите регулативи биле создадени по зголемениот број на несреќи во кои пешаци минуваат преку улица без да внимаваат.

Полицијата од Форт Ли, Њу Џерси, рекле дека некои луѓе постојано го загрозуваат сопствениот и животот на луѓето околу нив бидејќи не внимаваат. Тие ќе го зголемат бројот на патроли во потрага по „опасни“ пешаци кои не ги почитуваат сообраќајните правила. Пешаците се веќе известени преку летоци кои биле раширени низ градот.

Од 1 јануари па до почетокот на мај повеќе од 20 пешаци учествувале во сообраќајна несреќа во Форт Ли. „Ова навистина го одзема вниманието. Пешаците не внимаваат каде одат. Не се свесни.“ – изјавил Томас Риполи, полицискиот началник на Форт Ли, на прес конференција.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Еден жител на градот, Су Чо, признала дека пишува пораки додека оди „цело време“ но додала: „Кога одам јас сепак гледам наоколу. Не гледам постојано надолу.“ Во последните 45 дена биле напишани најмалку 117 казни за преминување на улица надвор од обележан премин – престап кој чини 85 долари.

- Реклама -