Ќе ни стане сосед :) Шванштајгер купува стан во Србија

 

Капитенот на германската репрезентација ангажирал агенти за продажба на недвижнини, со цел да му пронајдат идеален простор во кој ќе уживаат заедно со атрактивната српска тенисерка Ана Ивановиќ.

Бастиjан Шванштајгер, кој што на почетокот на месецов тајно престојувал во Србија за да ја види Ана, решил да им обезбеди љубовно гнездо во кое ќе уживаат далеку од очите на јавноста.

Затоа прочуениот спортист не губи време, туку при првото враќање дома, ангажирал агенција за продажба на недвижности со претставништво во Србија, која изминативе денови трага по идеална и луксузна локација.

– Бастијан е воодушевен од Белград и затоа не сака да престојува по хотели, туку реши да си купи стан во кој ќе престојува додека се гледа со Ана. Тој нема посебни барања, но инсистира на тоа зградата да нема повеќе од 5 стана. Со оглед на тоа што приватноста му е на прво место, од агентите побара неговиот простор да биде далеку од центарот“, вели добро информиран извор за српските медиуми.

- Реклама -