Истражувачите од Универзитетот Мериленд создадоа нов материјал што го викаат “супер дрво”. Да, се работи за дрво, но модификувано да биде поцврсто дури и од многу титаниумски легури.
Истражувачкиот тим драстично ја зголемил густината на дрвото преку процес во две етапи, а како резултат е добиено 10 пати поцврсто дрво од обичното.
„Поцврсто е и од челик, а 6 пати полесно“, вели Тенг Ли за ScienceDaily.
Како што објаснува, ви треба 10 пати повеќе енергија за да го скршите, а воопшто не се витка.
За да создадат ваков суперматеријал, истражувачите го потопиле дрвото во смеса од натриум хидроксид и натриум сулфит. Тоа води до делумна елиминација на лигнинот и хемицелулозата. Потоа му се прави топло пресување, со цел да се „срушат“ ѕидовите на клетките и да се стимулира цврстината на нановлакната. Густината што се јавува како резултат на процесот е таа што гарантира супер цврстина.
Како што наведуваат научниците, ваквото супердрво може да се користи за автомобили, авиони, згради и секаде каде што се користи челик, вели шефот на проектот Лијангхуи Ху Хуан.
Друга предност на супердрвото е тоа што е всушност еколошко. Како што објаснуваат научниците, многу од меките дрва кои во природата (ама и во фармите за дрва) растат во изобилство и многу брзо, можат да бидат третирани со истиот метод, и претворени во супердрво.