Кејт Мидлтон е прогласена за убавица на годината

Британскиот магазин ОК ја удостои принцезата Кејт Мидлтон (31) со титулата „дама со идеален стил“ коментирајќи дека секогаш изгледа елегантно и префинето без притоа да остава впечаток на претенциозна личност.

Британските модни експерти се едногласни дека сопругата на британскиот принц Вилијам која во моментов очекува наследник/чка го заслужува признанието најубава жена за оваа година.

Главниот моден уредник Марк – Френсис Вандели во популарното британско шоу „Made In Chelsea“ признал дека бил покорен од стилот на Кејт, а особено од нејзиното посебно внимание кон деталите. Притоа изјавил дека Кејт го знае клучот за елегнтна појава во зависност од пригодата.

По се изгледа принцезата посветува големо внимание на својот изглед. Тоа го потврдил и нејзиниот чичко во интервју за еден британски магазин каде изјавил дека тоа за што Кејт напорно се труди на нејзината сестра Пипа и успева без труд. Исто така, тој во интервјуто раскажал за студенските денови на своите внуки кога Кејт повеќе наликувала на момче. Заклучокот кој го изнел е дека Кејт е упорна, умна и трудољубива девојка која сериозно се однесува кон обврките во бракот како и кон работните обврски.

Изданието од магазинот ОК посветено на убавата хероина од Кембриџ ќе излезе на 26 март.

- Реклама -