Кетрин Зета Џонс сподели интимен семеен момент

Кетрин Зета – Џонс со своите фанови сподели еден семеен момент.

Таа очигледно ужива во ова зимско време, но и во друштво на своите најмили. Славната актерка на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која што се таа и нејзиниот славен сопруг Мајкл Даглас, како и нивните две деца Дилан и Кери.

„Среќен Божиќ на сите. Се надевам дека ќе имате убави моменти, окружени со најблиските“, напиша таа.

Славната убавица ретко објавува фотографии на кои што позира заедно со своето семејство.

- Реклама -