Од Kia во ноември изминатата година стигна најава дека оваа 2016 година ќе биде претставен нов глобален кросовер со хибриден погон под името Niro. Во тој момент беа објавени и неколку фотографии додека официјално беше претставен на авто салонот во Чикаго.
Според официјалното соопштение овој модел има меѓуоскино растојание од 2700 mm, додека коефициентот на отпор на воздух изнесува 0,29. Под капакот на автомобилот ќе се комбинираат четири цилиндерски бензински агрегат со зафатнина од 1600 cm3 кој развива 77kW / 105 КС и 147Nm, електромотор со 45 КС, литиум полимерски батерии и шест степен менувач со двојно квачило.