Kиборг оклоп за зголемување на физичката сила

Повеќе... HAL(Hybrid Assistive Limb) е роботски киборг оклоп кој на оној што го носи може во голема мера да му ја зголеми физичката сила. Погледнете го видеото на следната страна за да дознаете повеќе.

roboteranzug_cyberdyne1.jpgHAL(Hybrid Assistive Limb) е роботски киборг оклоп кој на оној што го носи може во голема мера да му ја зголеми физичката сила.

Креиран од CYBERDYNE односно од проф. Yoshiyuki Sankai од Јапонија,HAL е способен да ги детектира био-сигналите преку кожата откако ќе бидат испратени од нервниот систем до мускулите, кои потоа ги анализира компјутерски систем и ги преведува во движења. Во блиска иднина можеби овој роботски оклоп ќе можеме да го видиме како вообичаено помагало за тешки физички работи,но тој засега се користи само во Јапонија.

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги

HAL се претпоставува да има намена во различни полиња како помагало за парализирани и хендикепирани лица,за тешка физичка работа,во фабрики,за спасување луѓе при природни катастрофи и други непогоди, како и во забавната индустрија. Натамошните подобрувања на овој прототип се насочени кон тоа тој да биде корисен во секојдневните активности на човекот како и за спасување животи при непогоди.

{youtube}ynL8BCXih8U{/youtube} 

- Реклама -