Кичевчанец од САД му изградил куќа на социјално загрозено семејство од с. Бачишта

До скоро деветчленото семејство Салиу од село Бачишта, кичевско, живеело во стара и трошна куќа изградена од кал и прачки, без кујна и тоалет, и со само два кревета. По покренатата иницијатива за помош од група интелектуалци од регионот, за тешката состојба на семејството дознал и кичевчанец од село Зајас кој живее и работи во САД. Тој од свој џеб донирал 12.000 долари и практично му изградил нова куќа на семејството. Во докомплетирањето помогнале уште неколку кичевски бизнисмени. Главниот донатор, сепак, сака да остане анонимен:

„Оваа донација ја давам од хумани причини, а не за афирмација. Ќе бидам среќен ако и тоа семејство барем за момент се чувствува среќно“, изјавил тој.

виа Локално

- Реклама -