Киган: Изјавата на Путин е сериозна и загрижувачка закана, ова е јасна ескалација

Британската потсекретарка за надворешни работи, Џилијан Киган, денешните изјави на рускиот претседател Владимир Путин, вклучително и одлуката за делумна мобилизација, ги оцени како „сериозна и загрижувачка закана“.

„Тоа е сериозна закана, но закана што е веќе упатена“, потенцираше, сепак, Киган за Би-Би-Си.

Таа додаде дека коментарите на Путин треба да се сфатат сериозно и повика на смиреност пред неговата закана за употреба на нуклеарно оружје.

„Некои од зборовите на крајот беа доста вознемирувачки. Тоа е нешто што треба да го сфатиме многу сериозно бидејќи, знаете, ние не контролираме. Не сум сигурна дека ниту тој има контрола. Мислам, ова е јасно ескалација“, додаде Киган.

Според неа, во целото обраќање на Путин, како што рече, „можело да се слушнат нови лаги“.

Прочитајте и:  САД бараат Украина да го намали прагот и да мобилизира и 18-годишници: „Вистината е дека Украина не подготвува доволно војска“

„Тоа беше повторно пишување на историјата“, оцени британската потсекретарка за надворешни работи.

Путин, при денешното објавување на наредбата за делумна мобилизација, посочи дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО и дека доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства. Тој додаде дека Западот сака да ја уништи Русија.

МИА

- Реклама -