Ким Џонг-ун во животна oпacност откако му е извршена опepaција?

САД ги следат информациите на разузнавачките служби дека Ким Џонг-ун е во животна опаснocт откако му е извршена опеpaција, пренесува CNN изјава од неименуван американски функционер, за кого пишува дека има непосредни информации за инцидентот.

Ким Џонг-ун го пропушти роденденот на неговиот дедо, што предизвика шпекулации за неговото здравје. Тој последен пат е виден четири дена претходно, на 11 април.

Уште еден официјален претставник на САД за CNN потврдил дека има загриженост за здравјето на Ким Jонг-ун, но посочил дека тешко е да се процени колку е сериозна ситуацијата.

 

Јужнокорејскиот Daily NK објави дека на севернокорејскиот лидер неодамна му бил извршен еден вид кардиоваскуларен зафат поради пушење, прекумерна тежина и премногу работа, и дека Ким Џонг-ун се опоравува од опеpaцијата во вила во Хајангсан.

Откако наводно здравствената состојба на лидерот се подобрила, поголемиот дел од неговиот лекарски тим на 19 април се вратил во Пјонгјанг, а само еден од нив останал да го надгледува неговото опоравување, пишува Daily NK. CNN не успеале да ги потврдат овие наводи.

Од друга страна, два извора во јужнокорејската влада и еден официјален претставник на кинеската комунистичка партија, кои сакале да останат анонимни, велат дека Ким не е сериозно болен. Наводите за неговата здравствена состојба не се точни, велат тие.

Политичките експерти не можат прецизно да проценат дали отсуството на Ким од јавноста е знак за некаква сериозна болecт или е резултат на лошата политичка ситуација. Може да е така, но и не мора, велат.

Во 2008 година, пак, Ким Џонг-ил отсуствуваше од парадата на прославата на 60-годишнината на Северна Кореја, па медиумите почнаа да пишуваат дека причината веројатно е влошено здравје. Подоцна се покажа дека Ким Јонг-ил имал мозочeн удap, по што состојбата продолжи да му се влошува сѐ до cмpтта во 2011 година.

Ким Џонг-ун, пак, престана да се појавува во јавноста и на повеќе од месец во 2014 година, што исто така поттикна шпeкyлации и нагаѓања за неговото влошено здравје. Но, наскоро се врати користејќи бастун, а јужнокорејските разузнавачки служби објавија дека му е остранета циcта на глyждот.

- Реклама -