Ким Кардашиан во претесен фустан

Ким Кардашиан облече фустан во кој ѝ се оцртува буквално сѐ, дури и долната облека.

Старлетата вчера беше уловена во уште едно пролетно издание. Овој пат се одлучила за зелен фустан и штикли во иста боја.

Бремената Ким, која со раперот Кание Вест го очекува првото бебе, постојано изненадува со нејзините комбинации. Како што пишуваат американските таблоиди таа си има мака со облеката затоа што не сака да носи широки фустани за трудници. Поради тоа до сега сменила и неколку стилисти, а наводно некое време совети ѝ давал Кание Вест.

 

- Реклама -