Ким му кажа „ДА“ на Кание

Ким Кардашиан за роденден доби вистинско изненадување – нејзиното момче Кание Вест со кое ја има ќерката Норт Вест ја запроси.

Риалити ѕвездата за нејзиниот 33. роденден доби вистинско изненадување од момчето. Таткото на малата Норт одлучи конечно да ја запроси Ким додека биле заедно со нејзиното семејство во Сан Франциско.

article-2471308-18E59AEF00000578-231_634x913

Според E! News, Кание изнајмил цел стадион за таа пригода, а Ким секако дека рекла „ДА“.

Ким и Кание долго време беа пријатели, а потоа почнаа да се забавуваат. Кание напиша и песна за Ким „Cold“ за која на почетокот тврдеше дека се работи за платонска љубов. Но, не помина долго време кога папараците минатата година ја „уловија“ Ким како рано наутро заминува од домот на Кание.

Минатата есен Ким остана бремена, а Кание по неколку недели ја откри среќната вест на концерт. Двојката ја доби ќеркичката Норт во јуни годинава.

- Реклама -