Ким не се плаши од длабоко

Ким Кардашијан се обидува на секој можен начин да го привлекува вниманието врз себе. Сопругата на Кание Вест и мајка на малата Норт не може да живее без коментари на нејзината адреса и папараците кои што  ја следат постојано. Рејалити ѕвездата е на чело на листата за најсекси фигура. Нејзиното чудесно оформено тело со добро изразени форми го освои ова признание меѓу многу познавачи на убавината.

33-годишната бринета не ја крие сочната форма, таа ги изложува на екранот и се гордее со тоа што и го дала природата, иако многумина велат дека е премногу. Вака изгледаше таа вчера во Лос Анџелес.

Ким носеше сатенски панталони, бел корсет кој едвај ги придржува нејзините гради и маслено зелена наметка од колекцијата на Ulyana Sergeenko за сезоната пролет-лето 2014. Што ќе кажете за длабокото деколте на Ким?

Модната икона се храни претежно со посни јадења, здрави масти, зеленчук, овошје, сирење и многу протеини.

- Реклама -