Кина испрати летало со екипаж во вселената (ВИДЕО)

Вселенскиот брод беше успешно лансиран од Центарот за лансирање сателити Џиукван, кој се наоѓа во северозападната област на Кина, известуваат државните медиуми.

Мисијата ја предводат астронаутите Жу Јангжу, Жанг Жијуан и Ли Џиајинг, при што Жу е назначен за командант на екипажот.

Според кинеските власти, Жу е еден од астронаутите од Хонг Конг, што го прави прв астронаут од полуавтономниот регион кој учествува во кинеска вселенска мисија со екипаж.

Целта на мисијата е да се изврши едногодишен експеримент во орбитата, со еден член на екипажот, за проучување на физичките и психолошките ефекти што долгорочното патување во вселената ги има на човекот.

Кинеските власти нагласуваат дека резултатите од мисијата ќе помогнат во подобрување на здравствената заштита на астронаутите, системите за поддршка на животот, како и за планирање на идечките експедиции за истражување на длабоката вселена.

Прочитајте и:  Луис Енрике упорно сака да го доведе Феран Торес во својот тим

Во рамките на мисијата ќе бидат извршени разни научни експерименти и технолошки тестови на вселенската станица Тиангонг, вклучувајќи ја и првата кинеска иницијатива за истражување на човечкото тело во услови на вселената.

Мисијата Шенжоу-23 се реализира во период кога актуелниот екипаж на станицата Тиангонг се подготвува да биде заменет по над 200 дена во орбитата, што се приближува кон националниот рекорд на Кина за континуирани вселенски летови со екипаж.

Во последните години, Кина интензивно ја развива својата вселенска програма, гледајќи на вселенската станица Тиангонг како на еден од клучните плотаформи за идно истражување на Месечината и длабоката вселена.