Кина ќе го забрани јадењето мачки и кучиња

catanddog_lgЈадењето кучиња и мачки, што е вековна традиција во Кина, наскоро може да биде забрането со закон. Ова е прв закон против ваквиот тип на злоупотреба на животни во Кина.

catanddog_lgЈадењето кучиња и мачки, што е вековна традиција во Кина, наскоро може да биде забрането со закон. Ова е прв закон против ваквиот тип на злоупотреба на животни во Кина.

Моментално месото од кучиња и мачки се смета за здрав деликатес во Кина, а одгледувањето на овие животни заради нивното месо е широко раширено. Таму често може да се видат реклами за т.н. „ароматично месо“, што е еуфемизам за кучешко месо. Месото од мачки е популарно во Јужна Кина каде активистите ги блокираат камионите кои пренесуваат илјадници мачки до пазарите за месо.

Наскоро оваа традиција би можела да стане незаконска во Кина. Доколку законот се изгласа,  луѓето кои јадат месо од едно од овие животни би биле казнувани со парична казна до 730 долари или 15-дневен затвор, а исто така, со казни би можеле да се соочат и организациите вклучени во такви активности.

Прочитајте и:  Трговска војна не им оди во прилог ниту на САД, ниту на Кина - му порача Пекинг на Трамп

„Го подржувам овој предлог. Било да се суди за ова прашање од аспект на бебедноста на храната или од аспект на емоциите, не постои никаква неопходност за луѓето во Кина да јадат кучиња и мачки“, вели Zeng Li, основач на засолништето за мачки во Пекинг. „Рестораните за кучешко месо во Пекинг се снабдуваат со месото најчесто од украдени и кучиња скитници. Во предградијата, кучињата се бесат и касапат пред очите на купувачите.“

Законот е во фаза на мирување повеќе од една година и ќе биде приложен на повисоките авторитети во април, но неговата легализација може да потрае со години. Ставањето крај на оваа кулинарска традиција ќе биде тешко дури и доколку законот биде изгласан, бидејќи таа датира наназад илјадници години. Кучешкото месо порано се сметало за медицински лек во Кина, но денес се поголем број кинези од средната урбана класа кои се љубители на животни чувствуваат одбивност кон ваквата традиција. [China to Ban Eating Cats and Dogs]

- Реклама -