Кина реагираше на американската блокада на Ормускиот теснец

Кина ја повика меѓународната заедница да заземе „јасен став“ против активности кои го загрозуваат тековното примирје помеѓу САД и Иран, особено во светло на деновиве воведената американска поморска блокада на стратешкиот Ормуски теснец. Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во разговор со својот пакистански колега истакна дека најважно е да се спречи повторната ескалација на конфликтот и да се чува кревкиот мир во регионот. Тој повика на засилување на дипломатските напори и поддршка за мировните преговори, предупредувајќи дека какво било влошување на ситуацијата би можело да ги компромитира досега постигнатите резултати. Пакистан, според изјавите од Министерството за надворешни работи, ја потврди својата посветеност на дијалогот како единствен одржлив пат кон стабилизација на регионот. Овие изјави доаѓаат во период на зголемени тензии, после воведувањето на американската блокада и неуспешните последни преговори помеѓу Вашингтон и Техеран.

Прочитајте и:  Детето пренесено во критична состојба од Ченто, причините за насилството се пораки со роднина на насилникот.