Однесувањето на група кинески туристи наиде на сериозни критики откако се појавија фотографии и видео од нивниот третман на шведската маса во еден тајландски хотел во Чианг Мај.
Како што се гледа од видеото, групава Кинези ептен е ќеифлија по ракчињата и до толгу ги сакаат што забораваат на секакво човечко достоинство и манири.
Ма кого лажеме, никој не може да сака морска храна толку многу за да изеде три полни чинии. Тоа го потврди и персоналот на хотелот, кој по завршувањето на целата мизерија најде полни маси и чинии со останата храна, од која најголем дел потоа мораше да биде фрлен во ѓубре.
Критиките беа остри и од самите Кинези кои го видоа ова на Интернет. Не мора да ви кажуваме, ама ова не е генералната слика за Кинезите и за нив е понижувачка. А и како нема да биде, кога несомнено потсетува на сцената од Spirited Away, кога родителите на Чихиро јадат без усул и буквално се претвораат во свињи.