Кинески украси продадени за 12,5 милиони фунти

украсКолекција од кинески украси од жад биле продадени за 12,5 милиони фунти, двојно повеќе од цената на куќата во која биле откриени. Шестнаесетте украси биле чувани во домот во Дорсет последните 60 години. Нивната продажба започнала војна на наддавање помеѓу богати кинески колекционери.

украсМулти милионерите од Далечниот Исток сè повеќе ги купуваат предметите од нивното културно наследство, со што цените стануваат превисоки за колекционерите од западот. Некои од продадените украси се од осумнаесетиот век, кога биле направени за кинескиот император. Елен од бел жад бил продаден за 3,9 милиони фунти, сад за 2,4 милиони и ѕвоно за 2,4 милиони. Два слонови од бледозелен жад кои стоеле на двете страни од тронот на императорот Кјианлонг биле продадени за 1,2 милиони фунти.

Останатите украси биле продадени за шестцифрени суми а вкупната цена на колекцијата поставила рекорд во регионалната аукциска куќа. Џон Ексфорд, од аукциската куќа Woolly and Wallis of Salisbury, вели дека цената пораснала за десет пати во последните четири години поради куповната моќ на кинеските милионери. Тој изјавил: „Пазарот за кинеска уметност е драстично променет во последните 3-4 години. Она што пред 2 години би било проценето на 20,000 фунти денес би имало цена од 200,000 фунти, таква е побарувачката, особено за уметност од осумнаесетиот век.“
украс„Кинеските колекционери се борат меѓусебе за да ги купат ваквите парчиња. Кина се отвара, градежните работи се се поголеми што значи дека луѓето стануваат многу богати. Слично како кај Американците на почетокот на претходниот век. Тие се збогатија и купуваа фантастични уметнички дела. Западните дилери и колекционери не можат да се натпреваруваат, цените се премногу високи за нив.“ Парчињата жад биле во сопственост на Мери Ана Мартен, внука на Кралицата Мајка, и најверојатно биле донесени во Британија во деветнаесетиот век.

Прочитајте и:  Трговска војна не им оди во прилог ниту на САД, ниту на Кина - му порача Пекинг на Трамп

Таа ги купила повеќето од предметите од почитувани дилери со антики од Лондон во четириесетите и пеесетите и тогаш платила многу за нив. Тие биле чувани во нејзиниот дом, Кричел Хаус во близина на Вимборн, Дорсет. Куќата вреди околу 5 милиони фунти, но земјиштето на кое е изградена вреди многу повеќе. Господин Ексфорд вели: „Имавме голем број понуди во собата како и преку телефон од Хонг Конг и Кина. Ни беа потребни тројца говорители на Мандарински за да се справиме со наддавањето.“
украс„Повеќето од парчињата отидоа во приватни колекции но некои, како слоновите и ѕвоното, се веќе изложени во музеите во Пекинг.“ Госпоѓа Мартен, која умрела лани, била доверител на Британскиот Музеј од 1985 до 1998 година. Таа била родена како Мери Ана Сибел Елизабет Страт во 1929 година и била единствено дете на капетан Напиер Џорџ Хенри Страт, Трет Барон Алингтон и Лејди Мери Сибел Ешли-Купер. Таа го наследила Имотот Кричел во 1940 година и подоцна се омажила со Командирот Џорџ Госелин Мартен. [Chinese ornaments sell for £12.5m – more than double the value of the stately home they were found in]

- Реклама -