Кинезите развиваат автомобил управуван само од мислите

Кинеските научници создадоа работен прототип на автомобил, чие управување се остварува со помош на биотокови од мозокот.
Проектот е на Универзитетот во Тајнцзин, а во него учествува и компанијата Great Wall. Според информациите при создавањето на единствената машина се користат технологии со кои се прават најсовремените протези. Кај нив сензорите ја „читаат“ човечката мисла, а компјутерот ги претвора во команди кои се пренесуваат на возилото.

На главата на жена-волонтер е поставена „капа“ со 16 сензори аналогни на оние кои се користат при електроенцефалограма на мозокот. Таа е седната на задното седиште пред лаптоп со вграден во него навигациски систем и избира пат низ кој сака да помине. Освен тоа жената замислува и на тоа како и кога да се отвораат вратите и багажникот на возилото, а исто така и на прозорците и подигање на страничните ретровизори. Сето ова успешно е задоволено од компјутерот, по што возилото потполно самостојно ја врши потребната функција.

Прочитајте и:  Кина лансираше нов сателит за одредување на салинитетот на океаните

Деканот на Универзитетот, професор Дуан Фан, е на мислење дека технологијата е целосно безбедна за човекот и може да доведе до револуција при укажувањето на помош на инвалидите. Системот е така дизајниран да возилото останува целосно безбеден, дури и ако возачот размислат за нешто друго. Сериското пуштање на сличен автомобил засега е многу далеку, бидејќи мора да се реши основниот проблем со движењето во сериозен сообраќај. Тогаш ќе биде многу тешко да се систематизираат сите команди, давани од мозокот на човекот.

- Реклама -