Кинезите телепортираа фотон од Земјата во вселената

Во 90-тите години на минатиот век научниците шпекулираа дека е можна телепортација со ползување на законите на квантната физика. Денес процесот е стандардна процедура во лабораториите по квантна оптика низ целиот свет.

Минатата година два посебни научнички тима успешно телепортираа квантни честици надвор од лабораторијата. А сега тим од Кина успешно телепортираше фотон од Земјата до кинескиот сателит за квантна комуникација лоциран во орбитата на повеќе од 500 километри оддалеченост.

Сателитот, наречен „Мициус“ или „Мози“, претставува исклучително чувствителен фото приемник кој е способен да ја детектира квантната состојба на единечни фотони истрелани од површината на Земјата. 

Од една страна, тимот успешно ја оствари првата квантна телепортација од Земјата во орбитата. Од друга, за прв пат создаде квантна мрежа од сателитот до Земјата, со што го собори рекордот за најголемо растојание на кое е измерена квантна „вплетеност“.

- Реклама -