Кино Милениум затворено

Поради технички проблеми, градското кино Милениум во наредните неколку денови нема да работи.

Од таму информираат дека поради дефекти на дигиталниот кино проектор, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нема да се емитуваат филмските проекции од тековниот репертоар на градското кино Милениум, притоа не прецизирајќи за колкав временски период станува збор.

Преку соопштение за медиумите, од Милениум се извинуваат на публиката.

„Жалиме поради настанатата ситуација, напорно работиме за надминување на техничкиот проблем и се надеваме дека во почетокот на идната недела повторно ќе имаме можност да уживаме во магијата на големото платно и да се воодушевуваме на најактуелните светски филмски хитови“, стои во соопштението.

- Реклама -