Кирби: САД со сите сили ѝ помагаат на Украина да ја поправи својата енергетска мрежа

САД со сите сили помагаат да ги рестартираат основните енергетските постројки во Украина, сега кога доаѓа зимата, а Русите продолжуваат со нивните напади, за народат да може да ја помине зимата, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на националниот совет за безбедност во Белата куќа.

„Ги правиме сите возможни напори да ја поправиме електро-мрежата на Украина со набавка на тренсформатори и останата опрема за да се ублажи постоечката криза во снадбување со електрична енергија и затоплување, а поради руските ракетни напади“, рече тој на денешниот брифинг за новинарите.

„Ние не гледаме изгледи дека тие имаат намери да престанат со таквите напади“, изјави Кирби.

Тој додаде дека САД од повеќе причини немаат намера да ја назначат Русија за државен спонзор на тероризмот, а една од нив е дека меѓународните хуманитарни организации во тој случај би имале тешкотии со дистрибуцијата на помошта во Украина..

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

МИА

- Реклама -