Кивањето открива каква личност сте

Начинот на кој киваме открива сѐ за нашата личност.

Гласното и експлозивно кивање во повеќето случаи доаѓа од личности кои се отворени и демонстративни, додека срамежливите ќе се обидат да го запрат кивањето, што ќе резултира со стишен звук.

„Кивањето е како смеата. Некој се смее гласно, некој силно. Слично е и со кивањето. Тоа повеќе е психолошка работа и открива каква е некоја личност во суштина, како и нејзината структура на карактерот“, вели неврологот Алан Хирш.

Кивањето е рефлекс што го предизвикува поленот и прашината на пример, а мозокот испраќа порака дека организмот мора да се ослободи од нив. Тоа поттикнува длабоко земање здив кој го заддржува воздухот во белите дробови, доаѓа до стегање на градните мускули, што создава притисок што нѐ тера да киваме.

Sneezing-woman

„Кивањето е несвесен феномен, дел од телесниот механизам за одбрана, начин на кој се чистат бактериите што може да бидат штетни за организмот. Сепак, можно е да се контролира начинот на кој ќе излезе“, истакнува доктор Гордон Сигел.

Експертите велат дека формата на носот и структурата на коските на лицето играат мала улога за тоа како ќе звучи нашето кивање, а повеќето луѓе воопшто не размислуваат за тоа.

- Реклама -