Џејсон Бејтмен, Чарли Деј и Џејсон Судеикис потпишале договор за снимање на второто продолжение на комедијата „Horrible Bosses“, по шестмесечни преговори, објави „Hollywood Reporter“. Преговорите, пак, со Џејми Фокс, сѐ уште траат.
Во првиот дел од комедијата Бејтмен, Деј и Судеикис смислуваат планови како да ги убијат нивните шефови кои ги малтретираат на работа. Во улогите на „ужасните шефови“ се појавија Џенифер Анистон, Колин Фалер и Кевин Спејси. Карактерот на Фарел умира во филмот, но на Анистон и Спејси преживуваат. Во второто продолжение ќе има нови шефови, но постојат гласини дека во него повторно ќе ги гледаме Анистон и Спејси.
„Horrible Bosses“ во 2011 година заработи 209 милиони долари.