Херојот на денот е Кајетан Обарски (се претставува и како Кижкилоски). Кајетан е полски уметник кој во слободно време (а очигледно го има многу) сака да си игра мајтап со класичните уметнички слики; па ги претвара во откачено хумористични GIF-ови.
Од Ван Гог, до Микеланџело, Да Винчи и Рене Магрите, Полјакот троши по 5 до 10 часа на една GIF анимација. Ама вреди. Не заради 77-те илјади лајкови на неговата Фејсбук страна, туку затоа што негува страшно добар апсурден, а и црн хумор.
via Bored Panda